Повторно лажни стотки и илјадарки
Фалсификувани евра што се пуштаат во оптек на македонските пазари повеќе ги загрижуваат надлежните институции за борба против овој вид криминал отколку лажните денари. Фалсификуваните валути на ЕУ, во земјава доаѓаат исклучиво од странство, за разлика од лажните денари, кои поединци или мали групи ги изработуваат на домашен терен.
| Маја Савиќ | Македонија
откривање фалсификати
Фалсификувани евра што се пуштаат во оптек на македонските пазари повеќе ги загрижуваат надлежните институции за борба против овој вид криминал отколку лажните денари. Фалсификуваните валути на ЕУ, во земјава доаѓаат исклучиво од странство, за разлика од лажните денари, кои поединци или мали групи ги изработуваат на домашен терен во импровизирана печатница на обична компјутерска технологија, која ни оддалеку не е доволна за се направи успешен фалсификат. Тоа не е случајот со лажните евра, кои се дело на професионални фалсификатори и се изработуваат во пософистицирани услови, па можат подолго време да се задржат на пазарот пред да бидат откриени. Според познавачите на оваа проблематика, лажните евра што се пуштаат во оптек на македонскиот пазар во најголем дел се изработени и доаѓаат од Бугарија. Тоа е и една од причините поради кои изминативе години најголем дел фалсификувани евра биле запленети во источниот дел од државата.
Фалсификатите откриени во Кочани беа доста уникатни, бидејќи стануваше збор за ретки и барем досега никогаш нерегистрирани лажни банкноти во апоени од 200 евра. Локалната полиција поднесе кривична пријава против четириесет и четиригодишен кочанчанец, кој во менувачница се обидел да ја замени за денари фалсификуваната банкнота, а два дена подоцна пријава за фалсификување пари стигна и на адресата на негов сограѓанин, кој пак лажната двестотка ја депонирал во банка и со неа сакал си го зголеми своето девизно салдо.
Упатените, но и истрагите на неколку европски полиции, меѓу кои германската, утврдиле дека најголем дел од фалсификуваните евра потекнуваат од Литванија и од Бугарија. Тие причината зошто во овие две земји е вкоренето штанцањето лажни пари ја гледаат во податокот што во годините на транзиција, многу искусни графичари и печатари останале без работа, па во борбата за егзистенција решиле своите услуги да им ги понудат на криминалните групи. Оттаму фалсификатите што доаѓаат од Бугарија се со подобар квалитет и потешко се откриваат, иако и кај нив недостасуваат заштитни елементи што ги разликуваат од вистинските банкноти. На фалсификаторите најомилени им се банкнотите во апоени од 50 евра и американските банкноти од по 100 долари. Сосема друга е приказната со фалсификуваните денари, кои се со исклучително слаб квалитет, па така на полицијата не и треба многу време да ги открие, не само банкнотите, туку и лабораториите во кои тие се изработени. Уште повеќе, лажните денари може да ги препознае и обичен човек, за разлика од странските валути, кои се откриваат во менувачниците и во Народната банка, која ги има сите неопходни механизми да детектира лажна банкнота, а финалното утврдување дали станува збор за фалсификат и неговиот квалитет го вршат полициските форензичари. За слабиот квалитет се свесни и самите фалсификатори, па кога ги пуштаат во оптек лажните пари користат голем број трикови. Парите ги пуштаат во промет навечер, во продавници, трафики и пазари и внимаваат продавачите да бидат постари лица, на кои полесно можат да им ги протнат лажните денари. Најчесто фалсификувани банкноти се оние од 100 и од 1.000 денари, првите бидејќи многу брзо циркулираат, а со вторите остваруваат ќар, купувајќи стока што чини 100 денари, а кусурот од оригинални 900 денари го ставаат в џеб. Минатата година беше констатирано зголемување на случаите со фалсификување пари, па овој вид криминал се најде на првото место меѓу другите дела од областа на организираниот криминал.
{loadposition content9}