Skip to main content

Обвинителството на БиХ нареди приведување на Милорад Додиќ

Денес Националното собрание на РС треба да расправа и за неуставниот акт за формирање специјален суд и обвинителство за наводна „заштита на уставниот поредок“.
 |  инфодеск  | 

Обвинителството на Босна и Херцеговина, чии активности и делување се забранети во Република Српска, издаде наредба до правосудната полиција да ги приведе претседателот на Република Српска Милорад Додик, премиерот Радован Вишковиќ и претседателот на Националното собрание на Република Српска, потврдиле за РТРС од кабинетот на Владата на Република Српска.

Наредбата беше издадена на денот кога Националното собрание на РС требаше да расправа за Нацрт-уставот на РС, со кој властите на РС планираат да го дефинираат тој ентитет во БиХ како држава на српскиот народ, да му дадат право на самоопределување, да основа сопствена армија и да го укинат Советот на народите.

Ова се наведува во нацрт-верзијата на новиот Устав на Република Српска, до кој има пристап и Радио Слободна Европа (РСЕ) и чии одредби се во спротивност со Уставот на Босна и Херцеговина.

Обвинителството издало налог за апсење до правосудната полиција, а помош побарало и од МВР на Република Српска, како и од СИПА, на која исто така и е забрането да делува на територија на Република Српска, по последните одлуки на Собранието на Српска. Исто така, директорот на правосудната полиција на Република Српска, Жељко Драгојевиќ за РТРС изјавил дека на Судската полиција на Република Српска ниту има, ниту може да ѝ се издаде наредба. Ова е во надлежност на СИПА и на Судската полиција на Судот на БиХ.

Судот на БиХ го осуди Додик на една година затвор и му изрече забрана за извршување на функцијата претседател на Република Српска во период од шест години, од денот на правосилноста на пресудата.