Skip to main content

Нуркањето има огромен потенцијал за привлекување туристи

Нуркањето има огромен потенцијал за привлекување туристи, кој за жал во моментов не е ни половично искористен. Оваа атрактивна спортска активност треба да е дел од севкупната туристичка понуда на државата. Секоја година се поголем е бројот на странски туристи кои сакаат да нуркаат во Охридското езеро и да ја запознаат богатата флора и фауна во неговите бистри води.
 |  Маја Савиќ  | 

Туристичкиот потенцијал на нуркањето во Охридското езеро е огромен, но недволно искористен. Оваа спортска активност треба да се најде во понудата на Охрид затоа што голоем е интересот кај странските туристи за рекреативно нуркање, посебно кај оние кои сакаат активен одмор.

Во сите големи туристички центри нуркањето зазема едно од првите места во понудата на хотелите и туристичките агенции и водичи, вели Емил Јовановиќ од Клубот за подводни дејности „Охрид“.

И во Охрид со тек на времето ќе се валоризира ова нуркање и овие наши напори нуркањето да си го заземе вистинското место туристите да можат да го видат Охридското езеро бидејќи е уникатно и единтсвено. Ова што го имаме ние го нема никаде на друго место во светот. Овие видови на риби, сунгери, полжави, тоа е се уникатно и не може да се видат на друго место во светот. И навистина мора да се посвети голема промоција на езерото и она што е во езерото.“ – вели Јовановиќ.

Подводни фотографии и видеа од охридските нуркачки клубови се шират на социјалните мрежи, а се неизоставен дел и од туристички брошури, но потребно е да се направи многу повеќе. Државата и градот треба да го вклучат нуркањето во туристичката понуда и да го промовираат бидејќи нуркачките клубови и здруженија не се толку финансиски моќни, вели д-р Горан Балевски, претседател на Клубот за подводни дејности Охрид.

„ Туристите се многу заинтересирани за нуркањето како што се заинтересирани за езерото. Од сите акции, подводни видеа, низ сите овие години, гледаме дека во последниве години доаѓаат луѓе за активен туризам, за нуркање, за прошетки. Доаѓаат туристи со обичлна маска и пераи или доаѓаат во клубот и ни бараат маска и пераи затоа што сака да види што има во езерото.“ – д-р Горан Балевски, претседател на Клубот за подводни дејности Охрид 

Туристи од цел свет специјално доаѓаат за да нуркаат во пештерата Врело на Матка, вели Слободанка Јакимовска од спелео нуркачки клуб Врело. Таа смета дека оваа пештера која важи за една од најдлабоките во Европа заедно со Охридското езеро треба да се вклучат во промоцијата на туристичкиот потенцијал на Македонија.

„ Македонија го има Охрид , ова е бисерот на Македонија. Ја има и пештерата Врело, меѓутоа Охрид си има свои убавини дури и за почетници во нуркањето, значи можат да ги видат убавините и на езерото поод вода што поинаку се доживува.– вели Јакимовска.

Најинтересни локации за нуркање на Охридското езеро се на потегот од Љубаништа до Градиште, посочуваат нуркачите. На деловите каде нема многу капачи и сообраќај од пловни објекти и е доста е карпесто доаѓаат претежно странци да уживаат во длабочините на езерото и да ја запознаат богатата флора и фауна во бистрите води.