Skip to main content

Дали процесот за изградба на регионална депонија се враќа на почеток?

Советот на Општина Битола вчера на вонредна седница, едногласно го изгласа заклучокот со кој бара од Владата да ја промени локацијата за изградба на регионална депонија, која според планот треба да се изгради во Новаци.
 |  инфодеск  | 
новаци

Дали процесот за изградба на регионална депонија се враќа на почеток откако битолчани се изјаснија против тоа истата да им е лоцирана во нивната општина?

Советот на Општина Битола вчера на вонредна седница, едногласно го изгласа заклучокот со кој бара од Владата да ја промени локацијата за изградба на регионална депонија, која според планот треба да се изгради во Новаци. Претходно Општина Новаци го прифати предлогот на нејзина територија да се гради регионална депонија за потребите за одложување и преработка на сметот од 18 општини во југозападниот и пелагонсикиот регион.

Едногласно беше изгласана и одлуката за формирање на заедничка комисија за основање на регионално јавно претпријатие за управување со отпад. Регионалната депонија треба да биде сместена североисточно од с.Новаци на локација на која претходно РЕК „Битола“ експлоатираше лигнит, наспроти постојната дива депонија Мегленци што ја управува „Комуналец“ од Битола. Против ова решение за лоцирање на новата регионална депонија, на социјалните мрежи се најавува протест пред зградата на Општина Битола, во сабота, 15ти март.