Skip to main content

Дојави за бомби во Србија, Амбасадата на САД во Белград со безбедносно предупредување

Српската железничка компанија „Србијавоз“ денеска го прекиnа железничкиот сообраќај низ Србија поради анонимна дојава за експлозивни направи поставени во меѓуградските возови, a Амбасадата на САД во Белград издаде безбедносно предупредување за американските граѓани во врска со утрешниот протест.
 |  инфодеск  | 

Српската железничка компанија „Србијавоз“ соопшти дека поради анонимна дојава за експлозивни направи поставени во меѓуградските возови, денеска го прекинува железничкиот сообраќај низ Србија.

-Србијавоз ги известува корисниците на услугата дека на 14 март 2025 година, во 01:39 часот, примен е повик со анонимна дојава дека во меѓуградските возови се поставени експлозивни направи. Од безбедносни причини, принудени сме привремено да го прекинеме сообраќајот на сите меѓуградски возови за да ги заштитиме животите на патниците и возот, се вели во соопштението.

Амбасадата на САД во Белград издаде безбедносно предупредување за американските граѓани во врска со утрешниот протест на кој може да се соберат стотици илјади луѓе во Белград и ги повика да избегнуваат толпи и места за масовни собири, пренесе Н1.

-Во Белград се очекуваат големи протестни акции со вкупен број учесници кој може да достигне стотици илјади. Протестите би можеле да се прошират во поголем дел од центарот на Белград, особено во областите во близина на државните институции и седиштето на јавниот сервис на РТС, се наведува во известувањето за американските граѓани објавено на веб-страницата на амбасадата.