Skip to main content

општина охрид

Јавен повик за субвенционирање на даватели на туристички услуги во селски, етно и еколошки туризам

Јавниот повик ги повикува сите регистрирани даватели на туристички услуги во  селски, етно и еколошки туризам да поднесат барање за користење на финансиски средства од овој повик.
 |  инфодеск  | 
Зграда општина Охрид

Развојот на туризмот претставува организирана дејност на заедницата при што се превземаат мерки и активности, форми и облици за одржлив развој. Целта на субвенционирањето на оваа категорија на даватели на туристички услуги е подобрување на квалитетот на туристичката понуда кај луѓето од руралните средини кои меѓусебно соработуваат со цел да се постигне одржлив развој на туризмот со одржлив економски пораст, кој носи економска корист во микрозаедницата.

Јавниот повик ги повикува сите регистрирани даватели на туристички услуги во  селски, етно и еколошки туризам да поднесат барање за користење на финансиски средства од овој повик.

Истиот ќе биде на сила до исцрпување на финансиските средства определени според Г2 ПРОГРАМАТА ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА РАЗВОЈОТ НА ТУРИЗМОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ЗА 2025 ГОДИНА, точка 2.2 Субвенционирање на физички лица вршители на туристичка дејност:

Обезбедување на финансиска поддршка за физичките лица кои согласно член 51 став 1 и 3 од Законот за туристичка дејност се даватели на туристички услуги во селски, етно и еколошки туризам и се запишани во регистарот кој го води градоначалникот на ошштина Охрид.

Повеќе информации на линкот.