
Од УХМР информираат дека денес не очекува променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен ветер, во западните делови од западен, а во источните од северен правец. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пообилен пороен дожд (над 20л/м2), грмежи и засилен ветер (над 60км/ч.). Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме.
Температурите во Охрид во интервал од 8 до 11 степени Целзиусови.
Поради спуштање на постудена воздушна маса од север во текот на ноќта кон вторник и во вторник претпладне врнежите на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, при што ќе се формира нова снежна покривка (2-10см). Потоа следува период на стабилно време со ниски утрински температури кои до петок насекаде ќе бидат под нула, се додава во соопштението.
Latest Охрид
