Skip to main content

Светите маченици Павле и Јулијана

Православен календар: Спомен на Светите маченици Павле и Јулијана.
 |  инфодеск  | 

Брат и сестра од Птолемаида Феникиска. Беа страшно мачени за Христа од царот Аврелијан и најпосле ги убија со меч. При нивните мачења се покажаа многубројни чуда. Незнабожците што ги видоа се обратија во верата, а некои од нив беа и убиени. Пострадаа во 273 година.