Таравари: Пациентите од пожарот во Кочани во генерално стабилна состојба, но компликации се очекуваат

Таравари во денешниот прес изјави дека сите хоспитализирани пациенти се во стабилна состојба, надвор од државата се пренесени 51 повреден, но и дека има пациенти што и денеска се јавуваат во болница. Во клинички центар има 49 пациенти, во „8 Септември“ 18 пациенти, стара градска болница 17.
-Во Турција се 9 пациенти, во Бугарија 14 и во Грција 5, во Србија 17 пациенти. Во Будимпешта се испратени двајца и во Литванија 4 пациенти. Денеска очекуваме уште неколку пациенти да бидат испратени надвор од државата, во Хрватска, Словенија, Австрија и 12 пациенти во Белград, во ВМА, изјави Таравари.
Таравари уште рече дека сите 20 критични пациенти кои се надвор од државата се релативно стабилни, засега нема промена во нивната состојба.
-Денеска се јавија и двајца нови пациенти во Штип кои досега не беа третирани. Апелирам сите лица кои биле присутни на настанот во Кочани, дури и ако немаат симптоми да контактираат со своите матични лекари. Во координација со Клиниката за психијатрија ќе формираме тимови од психијатри и психолози кои ќе бидат на располагање за психолошка поддршка на семејствата и пациентите, изјави министерот.
Latest Македонија
