Skip to main content

Тошковски: Пиротехниката во дискотеката ја донел бендот „ДНК“, а концертот бил „на диво“

Од денешната прес-конференција на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
 |  инфодеск  | 

На денешната прес конференција, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски изјави дека пожарот во дискотеката настанал од употребата на пиротехнички средства кои се користеле за време на концертот. Пиротехниката ќе се вештачи и допра ќе се дознава дали тие имаат дозвола за користење.

-Од извршен разговор со член на ДНК, пиротехничките средстава ги обезбедил бендот. Лицето за нивна употреба починало во несреќата. Распишаната потерница за четирите лица е повлечена и истите се обезбедени, рече Тошковски.

Министерот денеска изјави дека системот во земјата е корумпиран, и заклучи дека Макеоднија нема систем.

-Накратко, имавме еден координативен состанок со сите надлежни институции за издавање на дозволата, слободно можам да заклучам дека Македонија нема систем, во рамки во кој ќе бидат утврдени правила на игра за да превенираат еден ваков ужасен немил настан, односно со изјава заверена на нотар од страна на правно лице, управител на правно лице и подготовка на одредени документи, има системски слабости кои не вршат правилна и потребна контрола за да се создадат услови за функционирање на нормални објекти од овој тим, поради што не само во однос на овој случај, туку и на сите други кабареа, ноќни клубови. Затоа во следните денови ќе бидат спроведени темелни инспекциски контроли, кои ќе ги извадат на површина сите системски пропусти кои ги имаме како држава. Корупцијата и криминалот не доведуваат до фаза да ги губиме животите на нашите деца. Или одлучно и системски ќе смениме нешто, или оваа држава ќе ја немаме. И секој еден без оглед кој што има директна или индиректна вина поврзана со овој настан, ќе одговара. Секој еден, поранешен или сегашен!, рече Тошковски.

Според Тошковски, дискотеката работела во објект чија што намена е лесна индустрија, а не угостителство. За цел клуб имало само два противпожарни апарати. Концертот бил одржан „на диво“ бидејќи немало писмен договор меѓу организаторот и оддржувачите.