Skip to main content

Струшките болници со заедничка акција за собирање на медицински материјали, помош за ГОБ „8 Септември“

Струшките болници со заедничка акција за собирање на медицински материјали поддржана и од приватните аптеки во Струга, солидарна помош за ГОБ „8 Септември“.
 |  инфодеск  | 

ЈЗУ „Специјализирана болница за нефрологија“ – Струга заедно со ЈЗУ „Општа болница“ Струга, организираше акција за собирање на медицински материјали, како солидарна помош за ЈЗУ Градска општа болница „8 – ми септември“ Скопје, во која моментално се хоспитализирани повредените од трагичната несреќа во Кочани.

Акцијата беше поддржана и од приватните аптеки во Струга, кои донираа значителни количини на медицински материјали, за што јавно им се заблагодаруваат на аптеките „ ВИА ФАРМ“ Струга и Охрид, „ПРИМА ВИТА“ и „МЕДИКА“ од Струга.

-ЈЗУ Специјализирана болница за нефрологија – Струга сочувствува со семејствата на жртвите и на повредните во трагичната несреќа во Кочани, се вели во соопштението од болницата.