Skip to main content

Ескалираа денешните протести во Кочани, низ болка и солзи граѓаните бараа правда

Од денешниот протест во Кочани.
 |  инфодеск  | 

Граѓаните во голем број денеска излегоа на протестен марш низ Кочани на кој побараа одговорност за 59-те лица кои загинати во пожарот во дискотеката „Пулс“. Маршот почна од паркот во Кочани, оддавајќи им почит на починатите, а веднаш потоа протестираа извикувајќи „Убијци“, „Бараме правда“ и „Секој еден може да е следен“ и дојдоа до општинската зграда. Дел од присутните почнаа да ја каменуваат Општината, удираа по вратите и прозорците од објектот и го повикуваа градоначалникот Љупчо Папазов да излезе надвор.

Гневни граѓани се собраа и пред полициската станица во Кочани, барајќи одговорност за трагично загинатите 59 млади луѓе.

Тие побараа некој од министрите да излезе пред нив и да поднесе одговорност.

Дел од граѓаните ги искршија излозите на кафулето „Класик“ во Кочани, во сопственост на Дејан Јованов – Деко, сопственикот на дискотета “Пулс”. Револтот дополнително се зголеми кога се прошири веста дека починал Иле Гочевски, возачот на Итната помош кој цела ноќ превезувал повредени.