
Денес во периодот од 9 до 12 часот ќе има мирен собир на средношколци во Охрид на плоштадот, во организација на средношколците.
-Ќе се палат свеќи и ќе се положи цвеќе како почит за настраданите во Кочани, се вели во нивното соопштение.
Посочуваат и дека маршот не треба да ескалира во протест.

Од ОСУ „Св. Климент Охридски“ тргнувајќи по ул. „Димитар Влахов“, сретнувајќи се со СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ низ чаршијата се упатуваат кон градскиот плоштад каде што ќе се оддаде почит на жртвите во несреќата во Кочани.
Организаторите велат дека од ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски“ во 9:05 часот учениците ќе се упатат кон улицата „7-ми Ноември“ и ќе се вклучат на плоштад. Од РЦСОО „Ванчо Питошески“ ќе се упатат кон Кеј Македонија и од таму кон градскиот плоштад.
Latest Охрид
