Skip to main content

Чеси извлечени од снежниот нанос на Галичица

Вчера во Регионалниот центар за гранични работи Запад било пријавено дека двајца странски државјани биле заглавени во снежен нанос на подрачје на Националниот парк „Галичица“ и барале помош.
 |  инфодеск  | 

На 18-ти март 2025 година, во 16:30 часот во Регионалниот центар за гранични работи Запад било пријавено дека двајца странски државјани биле заглавени во снежен нанос на подрачје на Националниот парк „Галичица“ и барале помош.

– Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзорт и гранични проверки „Св.Наум“, претставник од Национален парк „Галичица“ и Планинарска спасителска служба на Црвен крст Охрид преземале мерки и на 200 метри под црквата „Свети Ѓорѓија“ биле пронајдени две лица од Чешка Република на возраст од 35 и 32 години. Со нивниот кампер „Мерцедес“ со чешки национални ознаки, тие биле извлечени од снежниот нанос, информираат од МВР.

Од Планинарската спасителна служба на Црвен крст Охрид апелираат граѓаните да не се обидуваат со возила да го минуваат овој превој и се надеваат дека метео условите за брзо повторно ќе бидат поволни, а патниот правец прооден за возила.