Skip to main content

Масакр на цивили во Ирак

Wikileaks објави снимка на која е прикажано убиство на група ирачки цивили и двајца новинари на Ројтерс од страна на американски воен хеликоптер во предградие на Багдад во 2007-ма.

 |  Majа Савиќ  | 
masakr irak
масакр ирак
амerikanski voen helikopterWikileaks објави снимка на која е прикажано убиство на група ирачки цивили и двајца новинари на Ројтерс од страна на американски воен хеликоптер во предградие на Багдад во 2007-ма.

Администраторите на сајтот тврдат дека снимката е направена со камери на американски хеликоптер Апачи, но не сакале да кажат од кого ја добиле. За овој случај засега нема официјален одговор од Пентагон.

Сепак, Ројтерс и АП цитирале неименуван припадник на американската армија, според кого видеото е автентично.

На видеото се слуша радио комуникацијата меѓу пилотите и американските трупи на земјата. Снимката прикажува улица во Багдад и група од околу осум луѓе, кои пилотите на хеликоптерот ги опишуваат како вооружени бунтовници.

“Тој има ракетна граната, ќе пукам,“ се слуша како еден од војниците бара одобрение за напад.

По неколку минути на видеото се појавува комбе и останатите го ставаат ранетиот внатре, кога и врз нив е отворен оган и загинуваат околу 12 цивили.

Преносот на снимката продолжува со разговор меѓу војниците на САД кои заклучуваат дека има и две деца за кои се согласуваат да ги однесат во болница. Еден глас забележува дека не е нивна вина што деца биле вмешани во војната.
{loadposition content9}