Таравари постхумно ќе го одликува возачот на брзата помош од Кочани
Министерот за здравство, Арбен Таравари, изјави дека возачот на брзата помош од Кочани, кој цела ноќ пренесуваше повредени од несреќата до Скопје, ќе биде постхумно одликуван следната недела.
-Тој ден сите работевме повеќе од 20 часа. Јас немам информација колку часа возачот работел, меѓутоа неспорно е дека направил огромна работа со превозот на пациенти. Како министер за здравство планирам следната недела да го викнам неговото семејство и постхумно да го одликувам. Во вонредна состојба сите работиме без да погледнеме во часовникот, изјави Таравари.
Според изјавата на неговото семејство, Иле Гоцевски си дошол дома после тешката ноќ, легнал да спие и не се разбудил.
Таравари исто така посичи и дека сите пациенти што се лекуваат во државава се во стабилна состојба и дека од 20 пациенти кои претходно беа во критична состојба, денеска било констатирано дека 10 се потешки, но стабилни.