Skip to main content

СОСУ ,,Св.Кирил и Методиј”

Хуманоста на дело: СОСУ ,,Св.Кирил и Методиј” Охрид со донација за настраданите од пожарот во Кочани

Донацијата беше испратена до ЈЗУ „8-ми Септември“ каде се згрижени дел од лицата кои настрадаа во пожарот.
 |  инфодеск  | 

СОСУ ,,Св.Кирил и Методиј” Охрид информираат дека испраќаат донации за настраданите лица во пожарот во Кочани, за кобниот настан што зеде толку души.

-Донациите вклучуваат завои, гази, инфузии, алкохол, јод и др. Сѐ со цел да се помогне колку што може во вакво мрачно време. Секогаш стоиме на располагање да помогнеме колку што можеме за жртвите на настанот, и за тие што сега трпат последици од загубите на најблиските, велат во нивното соопштение.

Донацијата беше испратена до ЈЗУ „8-ми Септември“ каде се згрижени дел од лицата кои настрадаа во пожарот.

Ученичка заедница при СОСУ ,,Св.Кирил и Методиј"-Охрид