Утрото студено, преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Утре, сабота, облачноста ќе се зголеми, а од недела следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.
Денешните температури во Охрид во интервал од -2 до 14 степени Целзиусови.