Грција ќе гласа за новото име на Македонија?!
Зошто Друцас ја презеде одговорноста тој да соопшти дека за Грција е прифатливо името Северна Македонија, а не Папандреу, кој е министер за надворешни работи?
| Маја Савиќ | Македонија
гласање
Зошто Друцас ја презеде одговорноста тој да соопшти дека за Грција е прифатливо името Северна Македонија, а не Папандреу, кој е министер за надворешни работи?
Ова денеска е едно од најпоставуваните прашања во грчките медиуми, но и грчките блогови. Реакциите по изјавата на алтернативниот шеф на грчката дипломатија, пристигнуваат пред се од Солун, и од грчкиот регион Македонија. “Друцас најверојатно нема проблем да го признае Скопје како Северна Македонија, но јас и безброј други Македонци и Тракијци имаме“ – пишува Јоргос Пиперопулос. Професорот на солунскиот универзитет во својата анализа по интервјуто на Друцас, бара отворено гласање во парламентот за името на соседната земја. Тој дури вели дека владата би можела да распише и референдум, за грчките граѓани да го дадат своето мислење.
– Нам како нација не ни е доволна одредницата ФИРОМ или Поранешна Југословенска Република Македонија. Под овој термин во изминатите 10 години власт на ПАСОК и 5 на Неа Демократија имавме и трговски врски, развивме и дипломатски односи, а и на многу начини му помогнавме на Скопје, смета професорот Пиперопулос.
Тој пишува дека доколку земјата продолжи со оваа политика, Македонија може да го искористи своето право и да и забрани на Грција да има Универзитет Македонија, аеродром Македонија или било што друго што е поврзано со терминот Македонија.
{loadposition content9}