Променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно каде врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер.
Од УХМР информираат дека под влијание на циклонска активност до крајот на месецов времето ќе биде променливо облачно со честа појава на повремени врнежи од дожд. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и силен ветер (над 70 km/h), особено од четврток. Во овој период локално се очекува да наврне поголема количина на дожд (над 60 l/m2).
Температурите во Охрид денес во интервал од 8 до 14 степени Целзиусови.