Skip to main content

Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог идеи кои одговараат на развојните цели на Општина Охрид

Износот на средства за одобрени проекти ќе се движи од 100.000,00 МКД до 700.000,00 МКД.
 |  инфодеск  | 
Св Кирил и Методиј

Општина Охрид во периодот од 2021-2024 година активно учествуваше  во проектот на програмата за развој на Обединетите Нации (UNDP) ReLOaD2, откако беше потпишан меморандум за разбирање помеѓу двете инволвирани страни. Проектот Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан, ReLOaD2 беше финансиран од Европската Унија и го спроведуваше програмата за развој на Обединетите Нации (UNDP) во шест земји од Западен  Балкан. Проектот траеше до декември 2024 година и истиот имаше за цел јакнење на партиципативната демократија и процесите за интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија преку јакнење на граѓанското општество и младите за нивно активно учество во процесите на донесување одлуки.

Повеќе информации на линкот.