Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има локален дожд, а на планините повремен снег. Ќе дува умерен, а во источните делови и вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец.
Денешните температури во Охрид ќе бидат во интервал од -2 до 11 степени Целзиусови.
Од УХМР информираат дека следува период на стабилно и топло време, освен денес и во сабота кога ќе има локални врнежи од дожд. Утринските и дневните температури ќе бидат во пораст.
Фото: Ѓоко Симјаноски