Ј.П. ,,Охридски Комуналец” – Охрид
Екипите на „Охридски комуналец“ на терен за хортикултурно средување на зелените површини
Екипите на „Охридски комуналец“ на терен на многуте локации за хортикултурно средување на зелените површини.
Екипите на „Охридски комуналец“ на терен на многуте локации за хортикултурно средување на зелените површини. Велат дека се косат тревниците, се садат нови дрвја во градски парк и ул.,,7-ми Ноември”, се спроведуваат припремени активности за садење на трева на ул.,,7-ми Ноември”, хортикултурно одржување кај црквата Св. Никола во с.Љубаништа и околу детското игралиште во с. Рача.


-Пролетта е годишно време кога парковите зрачат со својата убавина и впечатливи бои. Природата се буди, семињата никнуваат, тревата ја добива онаа впечатлива зелена боја, цвеќињата цветаат во своето изобилство од бои, а дрвјата полека, но сигурно ја кројат својата крошна, велат од Ј.П. ,,Охридски Комуналец” – Охрид.



