Поради зголемениот број на посетители и настани за време на Велигденските празници, ЈП Билјанини извори воведува контролирано спуштање на рампа во стариот дел на градот (Горна Порта) со цел зголемување на безбедноста на пешаците и регулирање на сообраќајот во тој дел на градот.
Период: од 18 (петок) април 07 часот до 22 (вторник) април 07 часот.
-Во тој период ќе биде ограничен пристапот на моторни возила, освен за жители на стариот дел на градот. Одлуката се донесе согласно минатогодишното искуство и согласно барањата на жителите од тој дел на градот. Ве молиме за разбирање и почитување на поставените знаци и упатства од надлежните лица, велат од ЈП Билјанини извори.