Казните за фирмите ќе се менуваат
Во наредниот период инспекторите само ќе ги опоменуваат фирмите бидејќи одредени законски казни ќе бидат намалени и до 50 проценти, а некои ќе бидат зголемени и за 100 отсто.
| Maja Савиќ | Македонија
дигитрон
Сто шеесет закони со околу 6.000 казнени одредби до крајот на јуни годинава треба да бидат коригирани. Во наредниот период инспекторите само ќе ги опоменуваат фирмите бидејќи одредени законски казни ќе бидат намалени и до 50 проценти, а некои ќе бидат зголемени и за 100 отсто. Со нивната корекција ќе се преполови и зафаќањето од Буџетот кое сега е 0,3 проценти, односно 7,5 милиони евра. Според вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, Владата ги усвои мерките за унапредување на казнената политика на последната седница и тие се во корелација со бизнис-заедницата, министерствата и инспекторатите.
-Една од казните што ќе претрпи измени за околу 50 проценти е за непријавен вработен, непријавен ДДВ, но во делот на земјоделството ќе има зголемување на казните и до 100 проценти, особено за оние фирми кои продаваат заразен семенски материјал или несоодветно ѓубриво – потенцира Пешевски.
Тој објасни дека се усвоени вкупно 15 мерки и насоки со кои ќе се унапреди казнената политика, со што ќе се консолидира основата и рангот на прекршоците преку нивно групирање и соодветно одредување на висината на казните.
Владата глобите ги подели во три категории и тоа: престапи со проценета незначителна опасност, во втората група се прекршоците со проценета значителна опасност и третата група во која спаѓаат прекршоци кои предизвикуваат тешки последици врз безбедноста, животот и здравјето на луѓето, животните и растенијата.
За најмалите прекршоци ќе се воведе мерка – укажување пред казнување. Новина се и е-инспекторатите, каде по електронски пат ќе се бираат и фирмите каде ќе се врши надзорот и инспекторите што тоа ќе го сторат, а наодите на инспекторите ќе бидат објавувани на веб-страницата на инспекторатите.
{loadposition content9}