Од Сојузот на математилари информираат дека охриѓанецот Леонид Тодоровски, ученик во ПСУ „Јахја Кемал“- Струга, е државен првак во трета година, средно образование.
Прваци по години за средно образование, за учебната 2024/2025 година се следните ученици:
- Прва година – Андреј Тасиќ, ученик во ПСУ „Јахја Кемал“- Карпош, Скопје
- Втора година – Ивано Божиновски, ученик во ДСУ Математичко – информатичка
гимназија, Скопје - Трета година – Леонид Тодоровски, ученик во ПСУ „Јахја Кемал“- Струга
- Четврта година – Алексиј Тасиќ, ученик во ПСУ „Јахја Кемал“- Карпош, Скопје
Од Сојузот на математичари додаваат дека првакот во прва и трета година, согласно правилникот за натпревари, е избран на дополнително тестирање, односно согласно резултатите на ММО 2025.
Леонид и претходно ги освојуваше првите награди на државните натпреварувања во Македонија, не само по математика, туку и по биологија и природни науки претставувајќи го ОУ „Григор Прличев“.