Skip to main content

Започна реконструкцијата на кабинетите за практична настава во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“

Целта е да се обезбедат современи услови за образование на децата кои одлучиле или ќе одлучат во иднина токму во ова училиште да стекнуваат знаења и вештини.
 |  инфодеск  | 

Министерството за образование и наука информира дека заедно со локалната самоуправа започна реконструкција на кабинетите и работилниците за практична настава и обука во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во Охрид. Нивна цел е да се обезбедат современи услови за образование на децата кои одлучиле или ќе одлучат во иднина токму во ова училиште да стекнуваат знаења и вештини.

– Во моментов МОН има 30тина активни инфраструктурни инвестиции во повеќе општини во државата, во вредност од околу 32 милиони евра. Се градат 7 нови училишни објекти и 4 спортски сали, 20тина училишта се реконструираат, а етапно се обновуваат и државните студентски домови, изјави министерката за образование Проф д-р Весна Јаневска.