Од СВР Охрид информираат дека вчера во 17:25 часот било пријавено дека во месноста „Трно“ во близина на улицата „Прилепска“ во Охрид опожарена е површина од околу седум хектари со трска. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.