ЈП Водовод – Охрид
Монтирана нова потопна пумпа во Орман
Информација за активноститете за одржување и обновување на водоснабдителните капацитети на ЈП Водовод Охрид..

ЈП ВОДОВОД Охрид известува дека продолжува со активностите за одржување и обновување на водоснабдителните капацитети на претпријатието.

-Одделението за електромашински работи изврши демонтирање на старата и дотраена потопна пумпа од бунарот во с.Орман (бунар 2). Со цел да се обезбеди стабилно и континуирано водоснабдување, монтирана е нова потопна пумпа со јачина од 37 kw, информираат од претпријатието.





