„Од срце трчај, со срце дарувај за Кочани” — Хуманитарна трка во организација на СОСУ „Св. Кирил и Методиј” , а поддржана од ЈП Билјанини извори.
СОСУ „Св. Кирил и Методиј” ве повикува да учествувате во хуманитарната трка која ќе се одржи со цел да се помогне на фамилиите од жртвите во пожарот во Кочани.

Сѐ што треба да знаете за истата е следно:
– таа е со тотално бесплатно пријавување и котизација, што значи дека и ти можеш да учествуваш;
– преку неа даруваш поддршка за сите кои поминуваат низ мрачно време и им укажуваш дека си тука за нив;
– дистанцата која треба да се оствари ќе биде 3км.
Трката ќе се одржи на 07.05.2025г. во 12часот.