Skip to main content

Утре почнува Европското Таеквондо првенство, Пецаков им посака успех на натпреварувачите

Христијана Парулеска, Давид Крстески, Божидар Димитриевиќ, Миа Танеска, Владимир Димитриевиќ и Марио Крстески ќе бидат дел од Македонската репрезентација, им посакуваме среќно и успешно првенство!
 |  инфодеск  | 

И Македонија има свои претставници на Европското Таеквондо ИТФ првенство во Талин – Естонија, кое ќе се одржи од 28.04. до 05.05.

Македонската репрезентација е составена од десет членови од кои три официјални лица и шест натпреварувачи. Во составот се Марјанчо Лазаревски претседател на ТТТФ и национален тренер, Зоран Парулески потпретседател на МТТФ, Даниел Крстески претседател на дисциплинска комисија на МТТФ и Давид Велковски меѓународен лиценциран судија.

Боите на нашата држава ќе ги бранат Христијана Парулеска, Давид Крстески, Божидар Димитриевиќ, Миа Танеска, Владимир Димитриевиќ и Марио Крстески.

Градоначалникот Пецаков ја посети Македонската репрезентација во традиционално теквондо која денес заминува на Европско натпреварување.

-Им посакав среќа и изразив желба повторно да се вратат со одличја и да не израдуваат. Нека биде уште едно успешно натпреварување!, вели градоначалникот Пецаков во својата објава.