Skip to main content

Се урна авионот со кој патуваше полскиот претседател Лех Качински

Авионот со кој патуваше полскиот претседател Лех Качински се урна при приближување кон аеродромот на рускиот град Смоленск, јавија светските агенции, повикувајќи се на изјава на полски официјален претставник.

 |  Маја Савиќ  | 
Kacinski
Качински
SmolenskАвионот со кој патуваше полскиот претседател Лех Качински се урна при приближување кон аеродромот на рускиот град Смоленск, јавија светските агенции, повикувајќи се на изјава на полски официјален претставник.
Засега нема информации за евентуални преживеани.
Качински и семејствата на жртвите од масакрот во Катин денеска требаше да присуствуваат на церемонијата со која се одбележува 70-годишнината од убиството на 22 илјади полски офицери и интелектуалци во 1940 година од советскте агенти во Катинската шума, во близина на Смоленск.



{loadposition content9}