Факултетот за туризам и угостителство – Охрид го најави настанот посветен на иднината на гастрономијата – зелената гастрономија, каде нивни гости ќе бидат учениците од СУГС „Ванчо Питошески“ – Охрид, кои заедно со студентите ќе учат и ќе готват, а воедно и ќе создаваат нови приказни.
Работилницата ќе започне во 10:15 во просториите на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид.
Натанот ќе биде оотворен од страна на деканката проф. д-р Снежана Дическа, проф. д-р Ангела Паскуале ќе одржи предавање на тема „Зелена гастрономија“, а кулинарската работилница ќе се одржи под менторство на проф. Климент Наумов.

–Придружете ни се во оваа едукативна и вкусна авантура!, порачуваат организаторите.