Утре, Здружението на лица со дијабет, заедно со д-р Арсо Митрески спец. хирург, пензионер – дијабетичар, ќе го одржат второто предавање на тема: ,,Изгореници и дијабетес мелитус“.
Предавањето ќе почне во 17.00 часот, во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид.
Поканата е отворена за членовите на Здружението, но за сите лица со дијабет и граѓани од Охри, велат од Библиотеката.
Инаку, Здружението на лица со дијабет „Охрид“, во месец март потпиша меморандум за соработка со библиотеката.