Skip to main content

Полскиот претседател Лех Качински загина во авионска несреќа

Претседателот на Полска Лех Качински загинал денеска во авионска несреќа во западниот дел на Русија.

 |  Маја Савиќ  | 
Leh i Marija Kacinski
Лех и Марија Качински
KacinskiПретседателот на Полска Лех Качински загинал денеска во авионска несреќа во западниот дел на Русија.

Како што јавија агенциите, авионот со 87 патници се урнал при слетувањето во градот Смоленск.

Гувернерот на регионот Смоленск Сергеј Антуфијев потврди дека несреќата не ја преживеало ниту едно лице.

Авионот од типот тупољев 154, кој летал од Варшава за Смоленск, при слетувањето се залетал во крошни од дрва по што паднал на земја и се запалил.

„Во авионот покрај претседателот на Полска биле и неговата сопруга, началникот на генералштабот на полската војска и заменик министерот за надворешни работи“, изјави портпаролот на министерството за надворешни работи на Полска Пјотр Пзковски.

Тие патувале на свеченоста по повод 70-годишнината од масакрот на полските војници во Катинската шума.
{loadposition content9}