Skip to main content

Шпанија и Португалија повторно имаат струја

„Индуцирана атмосферска варијација“ – феноменот што довело до осцилации кои потоа предизвикале дефекти во синхронизацијата на енергетските системи.
 |  инфодеск  | 

Шпанските и португалските мрежни оператори известуваат дека по големиот прекин на струја на Пиринејскиот Полуостров, снабдувањето со енергија е делумно обновено. До утрово, струјата се врати во речиси 90% од Шпанија, како и во 6,2 милиони од 6,5 милиони домаќинства во Португалија, објавија националните оператори за електрична енергија. 

Без струја останаа домаќинствата, државните институции, аеродромите, возовите, а милиони луѓе ја поминаа ноќта во мрак.

Синоќа португалскиот оператор на електричната мрежа REN објави дека прекинот бил предизвикан од дефект во шпанската електрична мрежа, поврзан со „редок атмосферски феномен“ и дека екстремните температурни разлики во Шпанија предизвикале „аномални осцилации“ на високонапонските водови. Овој феномен се нарекува „индуцирана атмосферска варијација“, што потоа довело до осцилации што предизвикале дефекти во синхронизацијата на енергетските системи.