Skip to main content

ФЗО воведува специјалистички пакети

Oд први овој месец, докторите специјалисти мора да работат во согласност со специјалистичките пакети креирани од Фондот за здравство во соработка со Лекарската комора.

 |  Маја Савиќ  | 
knishki
книшки
doktoriOд први овој месец, докторите специјалисти мора да работат во согласност со специјалистичките пакети креирани од Фондот за здравство во соработка со Лекарската комора.

Новината, како што велат од Фондот за здравство, што ја носат овие специјалистички пакети е тоа што кога пациентот има одредено дијагноза, докторите однапред ќе имаат шема според која треба да се водат во текот на неговото лекување. Согласно дијагнозата ќе се знае и цената на тој пакет.

Од приемот на пациентот во ординацијата, па се до исписот, пациентот ќе се лекува според специјалистичките пакети. Засега се утврдени пакети за очна медицина, уво, нос и грло, дерматологија, физикална медицина, педијатрија, гинекологија, слух, говор и глас, интерна медицина, психијатрија, неврологија, општа хирургија, ортопедија и заеднички општи пакети.

Со пакетите точно се знае колкав тим треба да работи на лекувањето на пациентот, колку и какви прегледи и испитувања треба да се направат и кои лекови треба да му се препишат.

Така на пример, доколку во ординација дојде пациент со скршена нога и треба да ми се стави гипс, докторот прво треба да направи преглед, потоа испитување на експериментот, да направи писмен извештај, контролен преглед, а потоа да го стави гипсот на скршената нога. Со пакетите се утврдува и цената. Така пакет за ставање на ортопедско помагало или гипс, според референтната цена ќе чини 1200 денари.

{loadposition content9}