Градоначалникот Пецаков со честитка по повод Меѓународниот ден на трудот
Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, се обрати со честитка по повод Меѓународниот ден на трудот.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, се обрати со честитка по повод Меѓународниот ден на трудот.
-Денес го славиме достоинството на трудот, посветеноста на работниците и сите оние кои со своeто знаење и работа го движат општеството напред. Нека овој ден биде потсетник за вредноста на праведните услови за работа, заштитата на работничките права и важноста на солидарноста. Честит 1. Мај – Меѓународен ден на трудот! Имајте пријатни празнични мигови!, стои во честитката на Пецаков.







