Skip to main content

Чествување на Свети Георгиј Победоносец во Рајчица

Соопштение во врска со чествувањето на Свети Георгиј Победоносец во Рајчица.
 |  инфодеск  | 

Соопштението од манастирот во Рајчица во врска со чествувањето на Свети Георгиј Победоносец го пренесуваме со целост:

На денот кога го славиме споменот на нашиот славен патрон и небесен застапник, Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец, ја имаме радоста и честа да ве поканиме на слава во неговиот свет манастир во Рајчица:

– понеделник, 5 мај 2025 –

– Во 18:00 часот ќе се отслужи празнична Вечерна богослужба, на која молитвено ќе претстои Неговото Преосвештенство, Епископот Антаниски г. Партениј.

– вторник, 6 мај 2025 –

– Во 07:30 часот ‒ празнична Утрена богослужба. (На шестата песна од канонот – пречек на Старецот владиката г. Партениј)

– Божествената Архиерејска Литургија ќе започне во  08:45 часот и со неа ќе чиноначалствува Неговото Преосвештенство, Епископот Антаниски г. Партениј, заедно со свештенослужителите од нашата света Обител.

Благослов да присуствуваат имаат сите кои сакаат заедно со нашето братство и сестринство да му оддадат чест и да упатат молитви кон светиот великомаченик Георгиј Победоносец.


Воедно, Ве известуваме дека на 7 мај (среда) во храмот на Светиот Великомаченик Георгиј во Струга, со почеток во 16 часот, ќе биде отслужена празнична вечерна богослужба, на која се очекува да претстои Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, г. г. Стефан. По завршувањето на Вечерната и на ктоторската панихида следи свечената Еордија (литија) со чесните мошти на Великомаченикот и на неговата чудотворна икона. Чесните мошти ќе бидат изложени во храмот за поклонение пред да заопочне Вечерната богослужба, сѐ до започнувањето на Еордијата. Оваа година, на литијата ќе биде изнесена и чесната икона на Мајката Божја „Гликофилуса“ (Слаткољубива или Умиление).

Ве покануваме да бидете гости на нашата манастирска слава, како и да земете учество во древната струшка литија, која пред повеќе од една деценија беше обновена и збогатена со присуството на чесните мошти на Свети Георгиј од манастирот во Рајчица. Дојдете, почувствувајте ја радоста и благодатта на овие торжествени настани и примете го благословот на славниот Победоносец.