Skip to main content

Раниери: Време е Рома да го ’гризне’ Интер

Клаудио Раниери вели дека доста време Рома ’му дише во врат’ на Интер и време е Римската Волчица ’да го гризне’ актуелниот шампион на Италија.

 |  Маја Савиќ  | 
Ranieri
Раниери

Ranieri i MurinjoИнтер вечерва има тешко гостување кај Фиорентина а Рома утре има релативно лесен натпревар со Аталанта на домашен терен.

Доколку Нероаѕурите вечер кикснат, Рома ќе може да го превзеде лидерсокото место во Серија А по подолго време.

“Знаеме дека до самиот крај за Скудетото битка ќе водат Интер, Рома и Милан.” – рече Раниери на денешната прес-конференција.

“Нашиот успех освен од нас самите зависи од резултатите на другите.”

“Градот има право да сонува за успех и потребно е да продолжиме да притискаме бидејќи сеуште ништо не сме постигнале.”

“Рома исто така беше блиску до титулата пред две години, но тогаш тие го стигнаа Интер во послендите две-три кола. Ние подолго време вршиме притисок врз Интер.”

“Тие можат да го почувствуваат нашиот здив и потребно е сега да ги ’гризнеме’.”

За дуелот со Аталанта, Раниери нема да може да смета на Жуан но во тимот се враќа Филип Мексес.

“Жално е тоа што Жуан нема да игра, но Филип Мексес се враќа и тој има се што е потребно за да биде прв избор за централната бековска позиција.”

“Аталанта е очајна и имаат многу мала шанса да избегнат преселба во ранг подолу, па тие ќе се борат до самиот крај и ќе го дадат максимумот. Тие можат да добијат многу и немаат што да загубат на дуелот со нас.”

{loadposition content9}