Skip to main content

УХМР

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд

Денешните температури во Охрид во интервал од 8 до 20 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во текот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со честа појава на локални врнежи од дожд и грмежи. Денес наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време поголема количина), грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град. Во четврток во западните делови ќе дува засилен ветер од југозападен правец, информираат од УХМР.

Денешните температури во Охрид во интервал од 8 до 20 степени Целзиусови.