Во Москва ликвидиран судијата кој им судеше на неонацистите
Водечкиот руски федерален судија, Едвард Чувашов, убиен е пред зградата во која живеел во Москва.
| Маја Савиќ | Свет
пиштол
Водечкиот руски федерален судија, Едвард Чувашов, убиен е пред зградата во која живеел во Москва.Судијата го застрелал непознат сторител кој успеал да побегне од местото на настанот, пренесува BBC. Чувашов судел во многу случаи против организациите на неонацистите и добивал многу смртни закани. Во февруари осудил 9 членови на неонацистичките скинхедси „Белите волци“ со по 23 години затвор. Судел и во многу случаи во кои високи руски функционери биле обвинети за корупција и проневера.
„Непознат сторител го застрела г-дин Чувошов со огнено оружје во градите пред неговата зграда. Истражните екипи се на местото на настанот. Едвард Чувашов им подлегна на раните“ –пренесува радио Московско Ехо.
{loadposition content9}