Црвен крст Охрид
Утре „Час за забава“ во организација на Црвен крст Охрид
Утре, две ПХВ групи со вкупно 12 младинци се здружуваат за да организираат незаборавен „Час за забава“ во Скејт паркот во Охрид, со почеток во 11:00 часот.
Утре, две ПХВ групи со вкупно 12 младинци се здружуваат за да организираат незаборавен „Час за забава“ во Скејт паркот во Охрид, со почеток во 11:00 часот.
Котизацијата за учество изнесува 50 денари, а целта на настанот е да се соберат финансиски средства кои ќе одат за реализација на овогодишните ЦКА-ПХВ проекти.
Од општинската организација на Црвен крст информираат дека младите ги очекуваат друштвени игри, спортски активности, загатки и тимски предизвици, малку натпревар, но многу забава.
–Понеси позитивна енергија, другари и желба за смеа!, порачуваат организаторите.



