Од денес дел од улицата „Даме Груев“ ќе биде затворена за сообраќај
Дел од „Даме Груев“ од денес затворена за сообраќај.

Од денес поради реконструкција на дел од улица „Даме Груев“, целосно ќе биде затворен за моторен сообраќај делот од улицата, од пресекот со улица „Македонски Просветители “ до пресекот со улица „Булевар Туристичка“.
-Воедно се известуваат и сите жители на овој потег дека почнувајќи од 12.05.2025 година од 06:00 часот наутро да не ја користат оваа улица за сообраќај и да не ги паркираат своите возила на овој дел од улицата, со цел непречено одвивање на активностите, велат од Општина Охрид.







