Викендов во ПСУ Јаха Кемал Скопје, се одржаа Екипните младински првенства на Македонија за момчиња и девојчиња од 08 до 18 години во шах каде учествуваа 179 млади, а во организација на Шаховска Федерација на Македонија. Охридските шахисти го освоија третото место на екипните младински првенства на Македонија за момчиња и девојчиња од 8 до 18 години.

ШК Ласкер Охрид учествуваше со своја екипа во категорија U14 каде учествуваа 8 екипи, првенствата се играа на четири табли, по Бергер систем (секој со секого), со темпо на игра 60 минути со 30 секунди додаток на секој потег.

Екипата на ШК Ласкер Охрид- U14 го освои третото место со четири победи, едно реми со екипата на ШК Алклоид Скопје и дав порази. За екипата на ШК Ласкер Охрид – U14 настапија: Павел Мишески, Јован Пуроски, Мартин Серафимоски, Ивана Момироска и Драган Анѓелески.

Учеството на Екипните младински првенства на Македонија за момчиња и девојчиња од 08 до 18 години е согласност Годишната програмата за работа на ШК Ласкер Охрид, финансирана од Општина Охрид.
