Skip to main content

македонска квиз асоцијација

Охрид домаќин на завршниот Мастерс квиз на Македонската квиз асоцијација

Наредната недела Охрид ќе биде домаќин на завршниот Мастерс квиз на Македонската квиз асоцијација.

Македонската квиз асоцијација (МКА) го најави завршниот Мастерс квиз за оваа сезона, кој ќе се одржи во недела, на 25 мај 2025 година, со почеток во 11:00 часот, во просториите на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.

Традиционалниот настан по трет пат го носи елитниот квизерски дух на македонската сцена токму во Охрид, најдобрите квизаџии од земјата ќе имаат можност да ги одмерат своите знаења низ широк спектар на теми: култура, забава, историја, животен стил, медиуми, наука, спорт и свет. Организаторите информираат дека секој учесник ќе одговара на вкупно 200 прашања, поделени во два дела со по четири теми и 100 прашања, а времето за решавање на секој дел е еден час.

Автор на прашањата за овој квиз е искусниот квиз-мајстор Мартин Мајк Петрески, а котизацијата за учество изнесува 150 денари, со можност за уплата на лице место или преку жиро-сметка: 210075841210139. 

-Ве очекуваме во Охрид – подгответе се за квиз натпревар исполнет со знаење и предизвици!, порачуваат организаторите.