Охридската библиотека се ребрендира со ново лого. Нов визуелен идентитет со цел да се оживее ликот на Григор Прличев. Автор е уметникот Ласко Џуровски, кој работи на реставрација на портрети од историските личности во земјава.

Целта на новата визуелизација е надградба и чување на македонското културно наследство, промоција на ликот и делото на Прличев.

-Преку ликот на Григор Прличев ние ги оживуваме и сите оние елементи кои ги содржи неговото дело и она што го промовира вашата установа во сферата на културата. Се потрудив да направам варијанти кои се применливи на различни начини и тоа подразбира елементи ЛЕПИ содржи во себе елементи кои се доста симболични, самиот лик на Прличев елементот на златниот венец кој се појавува во овие решенија зборува за неговото значење, и дискретно употребувам и симбол на градот Охрид с- ината боја која се појавува во позадината на некои од овие решенија и син бран вода кој го симболизира Охридското езеро, вели авторот на визуелниот идентитет на Библиотеката.

Новиот визуелен идентитет на охридската библиотека ќе се користи во официјалната комуникација на установата.
– Мојата идеја како треба да изгледа визуелниот идентитет и идејата на Ласко Џуропски беа идентични и многу се радувам за тоа. И едвај чекав да се случи тоа. Од утрешниот ден веќе ќе почнеме да го користиме нашиот нов визулене идентитет кој ќе биде промовиран на секаков можен начин како национална установа. Освен на излагањето, исто така типографијата која ќе биде користена за нашата библиотека датира од 1566 година и таа е идентична и автентична и се користи од часословот на Јаков од Камена река токму таму ја добивме наградата за библиотека која афирмира најповеќе роднокрајни автори, вели Христина Трпеска директор на НУ Библиотека „Григор Прличев“.


Промоцијата на новото лого ќе биде на Денот на сесловенските просветители. Инаку, Ласко Џуровски, е дизајнер и типограф, креатор на идејните и ликовно-графичките решенија за изгледот на дел од македонските пари.
Новинар: Соња Рилковска