Во петок за најмладите мјузиклот „Пинокио“
Театарската претстава за деца „Пинокио“, во режија на Гоце Балада претставува современ театарски проект за деца и млади, кој што е надополнет со новокомпонирани музички песни за деца снимени во професионално музичко студио.
-Врз основа на тоа може да се каже дека оваа претстава претставува и еден современ Мјузикл за деца и млади. Во самата претстава, главниот лик Пинокио, има за цел преку неговите згоди и незгоди, на децата да им ја долови вистинската суштина на животот а тоа е дека “на лагата и се кратки нозете”, и дека оној кој лаже, завршува како Пинокио на кого му расти носот при секое лажење, велат организаторите.
Во претставата учествуваат Пинокио, Стариот Лисец, Џепето, Светлечката самовила и циркускиот кловн. Сите овие театарски ликови создаваат една волшебна театарска магија во која ќе ужива најмладата публика од 4 до 10 години.