Skip to main content

Бесплатни обуки за козметичари во Охрид

Информативен ден во Охрид за бесплатни обуки за козметичари.
 |  инфодеск  | 

Во рамки на проектот „Образование и економско зајакнување на ранливи групи жени во Северна Македонија“, Занаетчиска комора на РСМ заедно со Регионална Занаетчиска Комора Охрид организират информативен ден во Охрид за сите заинтересирани кандидатки.

Обуките се целосно бесплатни и се наменети за жени кои сакаат да се стекнат со вештини, знаења и сертификат за козметичар за лице и тело, со што ќе добијат можност за вработување или започнување сопствен бизнис, а дополнително, ќе се понудат и обуки за изработка на природна еко-козметика во соработка со локални пчелари и фармацевтски компании, како и модули за развој на претприемачки вештини.

-Ги покануваме сите заинтересирани жени од Охрид, Струга и околината да присуствуваат на инфо денот, да се информираат за деталите, условите и начинот на пријавување, велат од Регионалната Занаетчиска Комора Охрид.

Информираат и дека датата, времето и локацијата ќе бидат објавени дополнително, а пријавувањето е до недела, 18.05.

-Заедно создаваме можности за достоинствена работа и економско јакнење на жените!, порачуваат од од Регионалната Занаетчиска Комора Охрид.