Skip to main content

Уште неисушено мастилото од потписот на СТАРТ, Медведев се попишмани

Рускиот претседател Дмитриј Медведев изјави дека ќе разгледа повлекување од Договорот за ограничување на стратешкото вооружување – СТАРТ, што тој и претседателот на САД Барак Обама го потпишаа минатата седмица во Прага, доколку американската програма за ракетна одбрана во Европа би создала нерамнотежа.

 |   | 
Medvedev i Obama
Медведев и Обама
MedvedevРускиот претседател Дмитриј Медведев изјави дека ќе разгледа повлекување од Договорот за ограничување на стратешкото вооружување – СТАРТ, што тој и претседателот на САД Барак Обама го потпишаа минатата седмица во Прага, доколку американската програма за ракетна одбрана во Европа би создала нерамнотежа
Во интервју за американската тв мрежа Еј-Би-Си, Медведев рече дека двете земји преговарале за специфичен јазик, или формула, во преамбулата на „новиот СТАРТ“, каде се признава меѓусебната поврзаност на стратешкото офанзивно вооружување и ракетната одбрана.

– Доколку се променат околностите, ќе ги сметаме за причина за загрозување на целиот договор. Тоа не значи дека поради тие правила, ако американската страна почне да гради ракетен систем, целиот договор автоматски губи сила, рече Медведев.

Тој, меѓутоа, истакна дека ако „другата страна радикално го зголеми бројот и силата на својот ракетен одбранбен систем, тој ракетен одбранбен систем навистина станува дел од стратешките нуклеарни сили, бидејќи е во состојба да ја блокира акцијата на другата страна“, така што се појавува нерамнотежа, што, според него, „би било причина договорот да се преиспита“.

Според него, доколку Русија заклучи дека американската ракетна програма за неа претставува закана, може да се постави прашањето за „предвремен прекин“ на договорот, иако тој се надева оти до тоа нема да дојде.
{loadposition content9}